Пратениците Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ предизвикаа гнев во македонската јавност, но тоа што тие вчера го сторија е тема и во објавите во странските медиуми.

За тоа пишуваат повеќе српски медиуми, пренесе порталот Инфомакс.

Така Танјуг пишува дека во Македонија заразени пратеници гласале во скафандери, РТВ Србија објави дека во Македонија гласале пратеници со корона итн.

За овој скандал пишуваат и бугарските медиуми. Порталот Нова ја објави снимката од пратеничката заразена со Ковид-19 како со комбе за брза помош пристигнува во Собранието на Република Македонија.

Овој скандалозен потег на власта е тема и во други странски медиуми.