По кратко боледување вчера почина Нусрет Дишо Улку, писател од турската националност, автор за деца и млади, преведувач, соопшти Друштвото на писатели на Македонија.
Роден е на 24 март 1937 година во Призрен, Косово. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1967 година. Автор е на поетските збирки: „Деца и дрвја“ (1963) „Детски раце” (1967), „Триаголник“ (1968), „Од сѐ по нешто“ (1977), „Море и јас“ (1974), „Епопеја“ (1976), „Внатрешен рев“ (1988), „Големи деца“ (1992), „Затворена љубов отворено писмо“ (2011) и на прозните дела „Црниот Исмет“ (1973) и „Три мечиња“ (1992).