Познатиот грчки поп-пејач Јоргос Мазонакис ненадејно почина на 54-годишна возраст. Според неофицијалните информации, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, јави дописничката на МИА од Атина.
Мазонакис важеше за еден од најпознатите пејачи на грчката поп-сцена. Во кариерата подолга од три децении сними повеќе од десет албуми, објави голем број хитови и одржа илјадници настапи и концерти низ Грција и во странство.
Роден е во 1972 година во Атина, а музичката кариера ја започна во раните деведесетти години. Во текот на својата работа соработуваше со голем број познати грчки композитори и текстописци.
Редовно настапуваше во ноќните клубови со музика во живо во Атина и Солун, познати како „бузуки“.
На 20 септември Мазонакис требаше да одржи концерт во Атина по повод одбележувањето на 33 години од почетокот на неговата кариера.
