Машинскиот факултет и инженерската заедница во жалост

Почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во пензија и истакнат доајен на научната мисла во машинството во Македонија.

Професор Димитровски беше активен учесник во социјалниот и општествениот живот на земјата. Својата кариера ја посвети на развојот на инженерството и високото образование.

Богата академска и стручна кариера

Проф. д-р Димитровски беше раководител на лабораторијата за мотори на Машинскиот факултет. Тој е автор на бројни научни и стручни трудови и книги во областа на машинството.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, каде што даде значителен придонес за јакнење на инженерската професија.

Погребната церемонија ќе се одржи на 30 април на гробиштата Бутел во Скопје.