Жорге Меси, таткото на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, почина синоќа на 68-годишна возраст.
Аргентинските медиуми објавија дека Жорге Меси починал во болница во Росарио по борба со тешка болест.
Таткото на Меси бил тешко болен неколку години, а самиот Лионел истакна за време на Светското првенство дека Жорге е во сериозна состојба.
Жорге одигра голема улога во кариерата на Лионел, давајќи сè што можел за да ги плати третманите на кои Лионел морал да помине поради проблеми со растот како дете, а беше и негов менаџер во текот на целата негова фудбалска кариера.
