Поранешната светска и европската рекордерка на 800 метри доживеа мозочен удар на почетокот на оваа година и оттогаш беше во индуцирана кома.

Родена во 1948 година во српското село Грабовац, Николиќ дебитираше во југословенскиот дрес на 16 – годишна возраст.

На Европското првенство во 1966 година во Будимпешта го освои златниот медал, а успехот го повтори пет години подоцна во Хелсинки.

Во јули 1968 година, Николиќ го собори светскиот рекорд на трката на 800 метри, кој остана во нејзината сопственост до 1971 година.

Неколку пати ја освојуваше наградата за најдобра спортист на поранешна СФР Југославија.