Татјана Шлосберг, внука на поранешниот американски претседател ја изгуби битката со тешката болест

Татјана Шлосберг, внука на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, почина на 35-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Веста за нејзината смрт ја соопшти семејството преку објава на социјалните мрежи, која ја сподели и Фондацијата на библиотеката „Џон Ф. Кенеди“.

„Нашата прекрасна Татјана почина утрово. Таа секогаш ќе биде во нашите срца“, се наведува во објавата.

Шлосберг во ноември јавно откри дека ѝ е дијагностицирана агресивна форма на рак и дека лекарите ѝ дале ограничени прогнози за животот.

Таа беше ќерка на дизајнерот Едвин Шлосберг и на Каролин Кенеди, ќерка на поранешниот претседател на САД.