Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи својата внука и весникот „Њујорк тајмс“ поради напис од 2018 година, во кој се тврди дека бил вмешан во „сомнителни даночни шеми“, објави Би – Би – Си.

Во тужбата, поднесена во Њујорк, Мери Трамп и новинарите се обвинети за „вмешаност во подмолна завера“ за добивање доверливи документи.

Се наведува дека Мери Трамп (56) го прекршила договорот за спогодба со кој и се забранува да открива документи.
Таа се откри како извор на приказната во мемоарите објавени во 2020 година, „Премногу и никогаш доволно: Како моето семејство го создаде најопасниот човек на светот“.

Трамп упорно ги отфрла тврдењата изнесени во таа книга и без успех се обиде да го спречи нејзиното објавување.

Мери Трамп, ќерка на постариот брат на Доналд Трамп, Фред Трамп, кој почина во 1981 година на 42–годишна возраст, се уште не ја коментираше тужбата