Починат маж вчера попладне бил пронајден во стан во Кисела Вода.

Според информациите од МВР, лицето било пронајдено починато во сопствениот стан, а случајот бил пријавен во 18:45 часот.

Утврдено е дека се работи за 73 годишниот Г.И. од Скопје.

-Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција, велат од МВР.