МВР информира дека синоќа во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Жданец“ во Скопје настанал пожар во барака, сопственост на М.Р.(56) од Скопје, која целосно изгорела.
Екипа од па од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, по што внатре било пронајдено тело на починато машко лице.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека седум противпожарни возила и 19 пожарникари гаснеле запалена барака на површина од 80 метри квадратни.
