Од СВР Тетово информираат дека попладнево околу 14 часот било пријавено дека во близина на Скудрињски мост по патниот правец Маврови Анови-Дебар во Радика било забележано патничко моторно возило. Набрзо на терен излегле полициски службеници од полициското одделение Ростуше кои констатирале дека станува збор за „југо“ со дебарски регистарски ознаки и дека во нив имало две лица. По доаѓањето на противпожарната единица и првата помош од Дебар, било констатирано дека во возилото имало две починати лица.

По извршениот увид од страна на увидна екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител било констатирано дека станува збор за сопружници маж на 63 годишна возраст и жена на возраст од 60 години од селото Житинани.

Јавен обвинител дал наредба за обдукција врз телата по што ќе се утврди причината за нивната смрт, а ќе се трага и по причините кои довеле до трагичниот настан.