Како што соопшти Јавното обвинителство, по кратко сообраќајно недоразбирање со друг возач, на 25 април, обвинетиот, заедно со уште две непознати лица, го нападнале оштетениот.

Притоа, обвинетиот со метална шипка го удрил оштетениот во задниот дел од главата, со што му нанел телесна повреда – нагмечување и нагмечно-расцепна рана. Откако му била укажана лекарска помош, оштетениот го пријавил настанот во полиција.

Со делото обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други присутни лица.​​