Започна шестнеделниот божиќен пост за православните верници што се водат по јулијанскиот календар

За православните христијани кои се придржуваат до јулијанскиот календар денеска започна божиќниот пост, кој трае 40 дена – до празникот Божиќ на 7 јануари. Бидејќи датумот на празнувањето не се менува, постот секоја година почнува на 28 ноември и завршува со Бадник, на 6 јануари.

Постот како вовед во празникот

Христијанскиот пост е воспоставен според примерот на Исус Христос, кој 40 дена престојувал во пустина во пост и молитва. Тој претставува период на духовна и телесна подготовка, во кој верникот се подготвува да влезе во тајната на претстојниот празник. Божиќниот пост е втор по должина веднаш по велигденскиот.

Правила за исхрана и целта на постот

Во поглед на исхраната, овој пост се смета за „поблаг“, затоа што дозволува употреба на вино, масло и риба. Целта на постот е да се „прочистат“ духот и телото, што подразбира воздржување не само од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Во текот на божиќниот пост, посни се и сите славски трпези.