Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите што оствариле производство на градинарски или овошни култури и ги предалео во регистрирани преработувачки капацитети. Висината на поддршката е три денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка

Аплицирањето е електронски,со најава на веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во полето „директни плаќања, е – барање“.

Според Агенцијата, сите баратели во прилог на барањата, потребно е да достават и потврди издадени од регистрираниот преработувачки капацитет во кои јасно ќе бидат наведени предадените количини.

-Системот е веќе во функција и може да се аплицира. Краен рок за поднесување на барањата е 25 декември 2021година. Сите земјоделци кои имаат проблем или не знаат сами електронски да поднесат барања, за помош може да се обратат во Подрачните единици на МЗШВ. Сите баратели при поднесување на апликациите треба да внимаваат на точноста на наведените податоци во апликацијата. Доколку барателот увиди дека при поднесување на барањето направил некаква грешка, може да го повлече и во рок од 30 дена да направи корекција, вели директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Потребната документација може да се симне од веб страницата на АФПЗРР, во делот директни плаќања, и обрасци.