Започна пријавувањето за 10-то издание на „Прв до врв“ Водно 2022, кое оваа година ќе се одржи на 15 мај.

Како што соопштија организаторите, традиционално, на програмата на најмасовниот планински настан во регионот се трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, електрични велосипеди и тим-билдинг трката за компании.

Пријавувањето за трките се одвива преку веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ од Скопје.