Започна реконструкцијата на Основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур” во кавадаречкото село Возарци, информираат од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Оттаму појаснуваат дека во тек се градежни зафати коишто се однесуваат на изградба на комплетно нов кров, реконструкција на фасада, како и градежно занаетчиски работи во внатрешноста на училиштето кои опфаќаат санација на под, плафон и sидови.

– Со ова значително ќе се подобрат условите за работа и одвивање на квалитетна настава. Самиот објект ќе добие нов лик, а учениците ќе добијат современо училиште во коешто се остварува воспитно образовниот процес, согласно најсовремените стандарди, велат од градоначалничкиот кабинет.