-Се собравме да кажеме не на погрешните политики на лошиот менаџмент на Венко Филипче и власта.Се собравме да им дадеме поддршка на здравствените работници, од самиот почеток на пандемијата укажувавме дека истите здравсвени работници ги немаат основните услови за работа ракавици, маски, мантили и скафандери, но власта на Венко Филипче не обвинуваше дека шириме лажни вести и го деморализира народот, за жал на крајот дознавме дека Македонија нема да добие помош од Солидарниот фонд 530 милиони евра од Европската унија затоа што Македонија не направила доволно расходи во време на првиот бран на Ковид кризата, односно државата со негрижата кон здравствените работници и граѓаните не се квалификувала за да добие помош од Солидарниот фонд, рече Поцкова.
Поцкова истакна на денешниот протест дека граѓаните се вакцинираат со вакцини кои се од донации, кажа таа.
-Власта постојано има оправдувања и дежурни виновници па се правдаат дека имало голем број заразени и во соседните земји и таму за жал некој ја губел битката со вирусот. Но, едно забораваат во развиените земји процентот на вакцинирани е голем и таму крајот на пандемијата се гледа. Ја потсетуваме денеска власта дека сме на 118 место од 122 држави по број на вакцинирани, на листата сме заедно со Египет, Уганда, Екваторијална Гвинеа и други. Не можаме да кажуваме цифри на заразени веќе затоа што од ден на ден се менуваат со голема бројка, народот веќе не може да го издржи притисокот од црната Ковид статистика, а истата е депримирачка, порача Поцкова.
Пратеничката порача дека најголем виновник за црната статистика е министерот Венко Филипче кој не направи ништо за да се подобри состојбата со заразените и единствено што направи е да ги исполни желбите на власта.
– Нема доволно болнички возила и болниците ни се преполни со болни. Ве прашувам во вакви услови на КОВИД пандемија како имате образ да излегувате пред граѓаните кога афери го тресат Министерството за здравство, да знаете дека провизиите по кои трчавте ќе бидат долго време тема по оваа криза, дали имате барем една светла точка во вашиот мандат?, вели Поцкова.
Таа порача исто така дека оправдувања нема за неспособноста на власта, сите мерки се недоволни и закаснети, а министерот за здравство стана полтрон на партијата во која е заробен.
Поцкова праша што се чекаше до сега за да се намали цената на чинење на здравствените услуги во приватните болници, и иако постои законско решение не постоеше волја кај власта да им го обезбеди истото на граѓаните кои се задолжуваа и сеуште се задолжуваат за да го платат своето лекување.
-Венко Филипче и Зоран Заев не покажаа никаква грижа за граѓаните тие се грижат единствено за сопствените џебови , затоа да им порачаме дека одговорност мора да има, бараме оставка Венко Филипче, бараме оставка Зоран Заев – порача пратеничката Поцкова на денешниот протест пред Министерството за здравство.