Инвазијата ќе биде тешка за Израел, бидејќи Хамас во Газа има разработен систем на подземни тунели […] кои се како „град во град“.

Новинарката на Ал Џезира Стефани Декер рече дека се очекува израелска инвазија на Газа, но не е јасно кога ќе се случи, ниту дали инвазијата ќе биде ограничена на север или само на градот Газа, за кој Израел вели дека е база на Хамас.

Сепак, рече Декер, инвазијата ќе биде тешка за Израел, бидејќи Хамас во Газа има многу добро развиен систем на подземни тунели […] кои се како „град во град“.

Декер очекува дека во одреден момент Израел би можел да се соочи и со поголем меѓународен притисок „ако продолжи да се известува за цивилни жртви од Газа“.