ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А. Ш. (31) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи”.

На 29 декември 2022 година во Радовиш, полициски службеници извршиле претрес во домот кај пријавениот, при што пронашле и одзеле 4.786 парчиња разновидни пиротехнички средства.