Полицијата во зајакната сообраќајна контрола на територијата на целата држава вчера казнила 263 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.

– Од нив, 19 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 160 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место, информира МВР.

Министерството укажува дека ќе ги продолжи засилените акциски контроли и во наредните денови и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи заради побезбедни патишта.