Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.

Двајца тетовци на возраст од 15 и 19 години во СВР Тетово денеска во 10 часот и 30 минути пријавиле дека поради неповолните временски услови и густата магла на Попова Шапка, во близина на новиот ГЕ ски-лифт, каде се искачиле да скијаат, се изгубиле и потоа не знаеле каде точно се наоѓаат.

–Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и екипи од „Елем Турс” веднаш презеле соодветни мерки за нивно пронаоѓање и ги пронашле двајцата тетовци, како и уште седум други лица од Скопје, Куманово и соседно Косово кои, исто така, се изгубиле во тој реон, информираа од МВР.

Деветте лица на возраст од 15 до 45 години, околу 12 часот и 30 минути се безбедно вратени.