При контрола во две казина на тетовското подрачје ноќеска биле затекнати пет лица без сертификати за примена вакцина против Ковид-19, еден малолетник и едно лице кај кого бил пронајден и одземен нож.

Како што соопшти МВР, контролата била спроведена ноќеска помеѓу 22:00 и 03:00 часот од полициски службеници на СВР Тетово и инспектори од државниот пазарен инспекторат, а опфатени биле четири угостителски објекти на тетовското и 24 угостителски објекти на гостиварското подрачје.