Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесат за спречување на ширењето на ковид 19.
Полицискиот час не го почитувале 20 лица, 417 санкции за неносење маски
П
МВР констатира дека 20 лица не ја почитувале забраната за движење, односно полицискиот час, во периодот од 22 часот на 15 март 2021, до 05 часот наутро на 16 март годинава. Во текот на изминатото деноноќие, пак, 15 -16 март, на територијата на Република Македонија за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 417 прекршоци.