Аналитичарот Благојче Атанасоски во изјава за медиумите оцени дека ДУИ, поради својата негативна репутација, не може да биде дел од владината коалиција. Тој истакна дека евентуалното излегување на Арбен Таравари од владата нема да ја наруши цврстата политичка стабилност на владеачкото мнозинство, благодарение на силното парламентарно мнозинство.
Политичка стабилност на владеачкото мнозинство
Според аналитичарот Благојче Атанасоски, со самото тоа што ДУИ се уште е проектирана како политичка „баба рога“, не само за власта, туку и за македонскиот политички простор, не може да биде партиципиент во владата.
Оценува дека евентуалното излегување на Таравари од владините редови нема да предизвика потрес во власта, бидејќи според него, ова владеачко мнозинство е составено од 78 пратеници, така што неколку пратеници помалку (4-5) не може да предизвикаат криза во владините редови.
-Повеќе може да предизвикаат политички реакции во т.н албански политички блок, што ќе се рефлектира на идните локални избори и изборниот резултат во средините со доминантно албанско население, посочува соговорникот.
Следствено на тоа, доколку има предвремени парламентарни избори, Атанасоски смета дека ќе биде одлука на изборот на власта за да спречи поголем одлив на гласови, не поради евентуално излегување на Таравари од власта.
Така што таа одлука, дали министерот за здравство ќе продолжи да биде дел од владејачката гарнитура или ќе оди во опозиција, не е фактор Х кој ќе детектира дали ќе се случат предвремени парламентарни избори.