Исмаил Ханије, највисокиот политички лидер на Хамас, е убиен во Техеран, соопшти Хамас рано утринава.
Во соопштението на Хамас се наведува дека групата „тагува за Ханије, којшто загина како резултат на подмолен напад врз неговата резиденција во Техеран, по учеството на церемонијата на инаугурација на новиот ирански претседател“.
Иранската револуционерна гарда го потврди атентатот, за кој иранската државна телевизија информираше рано утринава.
„Исмаил Ханије е убиен во текот на ноќта, околу 2 часот по полноќ, додека престојувал во резиденција за воени ветерани“, јавуваат иранските државни медиуми.
„Нор њуз“ објави дека зградата била погодена со проектил и дека во тек е истрага за да се утврдат деталите зад, како што велат, терористичката операција“.