Ќе се формираат работни групи помеѓу политичките партии кои ќе работат на предлог забелешки на преговарачката рамка која е предложена.
Предлогот е во тие работни групи помеѓу политичките партии да бидат по двајца преставници од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, по еден од ДУИ и Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии. Првата средба се очекува утре.
Ваквиот процес доаѓа по повикот на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски да се разговара за измени кои предлогот ќе го подобрат и да се вметнат забелешките кои се на текстот кој е на штета на државните и национални интереси.
Позициите на ВМРО-ДПМНЕ и забелешките кои ќе бидат дадени ќе ги одразуваат позициите кои Мицкоски ги соопшти по средбата со Ковачевски.
Тогаш изјавата на лидерот на опозоицијата Мицкоски беше “Да се избришат членот 11 и членот 14 од Протоколот, а потоа во преговарачката рамка каде имаме принципи врз кои се водат преговорите да ги избришат членовите каде се годишните прегледи и делот каде се повикуваат на протоколот на првата меѓувладина конфенреција. Нека ги избришат ако ова обезбедува европска иднина, еве нека ги тргнат овие четири точки. Нека останат Копенхагеншките критериуми како за сите земји, рече Мицкоски.
Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во насока на заштита на идентитетот, јазикот но и отргнување од бугарските мегаломански барања врзани со негирањето на историјата.