Дел од населението, односно 64,6 проценти, примиле најмалку една доза, со што, како што соопштија од Министерството за здравство, постигната е првата цел за вакцинација на 65 отсто од населението со најмалку една доза од вакцината во првата половина од годината, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на старосните групи, најголем е одѕивот кај лицата на над 70-годишна возраст, односно 91,7 отсто од граѓаните меѓу 70 и 79 години примиле најмалку една доза и 92,2 проценти од оние над 80 години. Од вчера, отворена е платформата за пријавување и закажување термин за вакцинација за децата над 16 години.