Во разговорот со Зеленски, како што истакна Мицкоски, му било кажано дека продолжува помошта од Македонија за Украина во наредниот период.

„На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање“, објави Мицкоски.

Освен Зеленски, Мицкоски објави уште неколку средби, меѓу која и со српскиот премиер, Александар Вучиќ.