Се работи на повторно ставање во функција на системот, а адресите од кои хакерите напаѓале се блокирани, јави бугарски „Дневник, повикувајќи се на бугарскиот Национален статистички институт (НСИ). Во моментов не може да се отвори сајтот на НСИ.

Хакерскиот напад се случил околу 11 часот по бугарско време (10 часот по македонско време), а хакерите се идентификувани и блокирани се адресите од кои се врши нападот на серверите на НСИ, вели претседателот на НСИ, Сергеј Цветарски. Тој ја отфрли можноста да има истекување податоци и рече дека се превземени мерки против тоа.

Нападите не се само обид да се извлечат податоци. Понекогаш тие се повеќе со цел блокирање на системот за тој да не може да работи нормално, објасни Цветарски.

Најновиот попис во Бугарија, 18 по ред од 1871 година, ќе се врши електронски од денеска до 17 септември, а потоа – од 18 септември – ќе почне класичното попишување, со вкупно 27.000 попишувачи.