Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, ќе има и утре особено попладне и во текот на ноќта. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни со над 20л/м2 проследени со локална појава на грмежи и засилен ветер.

Од недела поради продор на постудена воздушна маса се очекува пад на температурите и снег на планините.

На планините и на некои повисоки места претежно во северните делови, врнежите ќе бидат од снег, ќе дува умерен до засилен северен ветер над 60 км/час, а дневните температури позначително ќе опаднат, особено во северните делови.