Почетокот на продажбата на албумот со сликички „Евро 2020“ на Панини привлече голем интерес кај фановите, кои побрзаа да го купат.

Причината за големата побарувачка на албумот е тоа што за првпат во историјата на него ќе се најде и репрезентацијата на Македонија, а на продажната локација во Скопје пристигна и селекторот Игор Ангеловски.

Ангеловски застана во ред за да си го купи албумот на Панини, пренесува порталот Спорт1, а како што се вели неговиот гест предизвика овации и еуфоричен аплауз кај присутните, кои побараа и по некоја фотографија со македонскиот селектор.