Покрај објавата Грајмс приложи фотографија од фабриката „СпејсИкс старбејз“ во САД во државата Тексас, пишува „Дејли мејл“.

Грајмс со сопственикот на „СпејсИкс“ и на „Тесла“, Илон Маск (49), го доби синот, на кого му го дадоа чудното име X AE A-XII (се чита X Ash A Twelve или Икс пепел A 12).

Британски „Сан“ пишува дека Грајмс минатиот месец изјавила дека сака да се пресели на Марс откако ќе наполни 50 години за да основа човечка колонија таму.

– Најверојатно физичка работа до смрт, но се надевам дека тоа може да се промени, додаде пејачката.