Утре, според УХМР, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладнето ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Од понеделник времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.