Дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на младите луѓе доказ е тоа што нема општина во Република Македонија каде во моментов немаме активни млади советници кои доаѓаат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и се таму активно да ги следат процесите во општината, да ги туркаат и форсираат проектите за младите да бидат навистина реализирани и едноставно да бидат гласот преку кој младите луѓе ќе бидат преставени во општината и на некој начин да бидат линк помеѓу младите луѓе во дадена општина и локалната самоуправа како институција, ова го истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и воедно советник во Советот на Град Скопје на денешната панел дискусија на тема „Младите и нивната перспектива во општините“ во рамките на настанот “ПРОМЕНИ ШТО НОСАТ ИДНИНА”-100 дена градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

Попов исто така потенцираше дека за вклученоста на младите од ВМРО-ДПМНЕ во одлучувањето говори и тоа што истите се вклучени во носењето на секоја партиска програма со која се излегува пред граѓаните.

-Во однос на вклученоста на младите во одлучувањето, покрај тоа што во рамките на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, активно сме вклучени во носење на сите партиски програми. На секоја програма која ја креира ВМРО-ДПМНЕ како партија и излегува со истата пред граѓаните сме вклучени ние младите со свој дел, со свое мислење за таа програма, рече Попов.

Тој исто ја спомна и важноста од тоа во секоја единица на локална самоуправа да функционира Совет на млади како што и е предвидено со Закон за млади и младинско учество, процес кој беше комплетно откочен откако општините беа превземени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ.

-За вклученоста на младите во локалната самоуправа би истакнал дека пред неколку години беше донесен еден Закон за млади и младинско учество во кој беше предвидено дека во сите единици на локална самоуправа треба да биде формиран таканаречен Совет на млади и да биде отворена канцеларија за млади преку која би се слушнал гласот не само на нас како политичка партија преку советниците од Унијата на млади сили, туку да се вклучат повеќе младински невладини организации поединци итн. коишто опфаќаат повеќе сфери од општественото живеење кое ги засега младите луѓе. Тој процес можам слободно да кажам дека беше комплетно откочен откако општините ги превземаа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Зошто претходно не биле формирани овие локални младински совети нема да навлегувам. Затоа си понесоа одговорност градоначалниците од СДСМ кои катастрофално ги изгубија претходните локални избори, а ова би рекол дека е една од причините зошто младите луѓе ги казнија градоначалниците на СДСМ и дадоа поддршка на новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Попов.