Попустливоста кон Бугарија поттикната поради штитење на криминалот на Ковачевски и Ахмети донесоа нова блокада, се прифатија што бараше Бугарија, а ескалираа односите, напоменува ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ апелираше навреме да се реагира со протесни ноти и цврст став, СДС молчеше.Неколку пати до сега Македонија е понижувана или навредувана од страна на бугарски политичари, ВМРО-ДПМНЕ осудуваше, но владата е таа која има политичка моќ, и таа молчеше и дозволи провокациите да одат до недоглед.
И сега кога имаме напади, негации и омаловажувања, од Ковачевски и Османи имаме само бледи говори без реална акција, секогаш кога власта попушта на понижувања има некој криминал кој сакаат да го сокријат.
Со СДС, Ковачевски и Османи имаме само несигурност, понижувања и блокади. Недржавничкиот однос кој власта го покажува на дело е најголемиот пораз кој може да и се случи на Македонија.