Општина Сарај официјално објави дека движењето по патеката во Матка е целосно забрането поради сериозна опасност од уривање карпи.

-Општината ги информира жителите, локалните и странските туристи, како и сите здруженија кои планираат активности во оваа област, дека врз основа на одлуката на Дирекцијата за заштита и спасување (57-2071-1 од 19.02.2026 година), движењето по патеката Матка треба да се внимава поради ризик од одрон на камења.

Исто така, ве информираме дека Дирекцијата за заштита и спасување постави и знаци што означуваат одрон на камења во опасни подрачја.

Забраната стапува на сила веднаш и ќе трае до понатамошно известување.

Ги молиме сите граѓани и посетители да ја почитуваат одлуката за сопствена безбедност. Во спротивно, во случај на несреќа поради непочитување на правилата, одговорноста останува на оштетениот“, велат од Општина Сарај.