Според информациите на жители на селото запалено е комби возило, по што е повикана екипа на ТППЕ Делчево.

– Веднаш по опожарувањето на возилото повикана е екипа на ТППЕ Делчево, која во моментот врши гаснење на истото, истакнаа жители на селото.

Настанот е пријавен во полиција од каде го потврдија случајот, а со повеќе детали околу причината за опожарувањето ќе излезат во текот на денот.