Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-200 мм во непосредна близина на пумпната станица во Драчево, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Батинци и Љубош.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08 часот до завршување со работните активности.