Еди Рама изјави дека нема да поднесе оставка поради студентските протести во Тирана, со оценка дека владите се менуваат на избори.

Полицијата употреби водени топови, а парламентот ја откажа седницата поради немирите во кои демонстрантите кршеа имот и напаѓаа институции.

Полицијата денес употреби водени топови за да ги растера демонстрантите кои кршеа прозорци и оштетуваа имот во Тирана, објави Ројтерс.

Поради немирите, парламентот ја откажа седницата.

Студентите бараат оставка од Рама поради растечките трошоци за високо образование и корупцијата.