Над 200 компании и најмалку 300 учесници ќе бидат дел од денешниот македонско-српски бизнис форум. Форумот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје со цел интензивирање на економската соработка.
Владината прес-служба утрово информираше дека поради здравствени причини се откажува присуството и обраќањето на форумот претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Пред одржување на форумот, во Владата на Република Македонија, заменик-претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ и заменик-претседателката на Владата на Република Србија и министерка за економија, Адријана Месаровиќ ќе потпишат Меморандум за разбирање.
Стоилковиќ и Месаровиќ вчера ги посетија компанијата „Пекабеско“ и винаријата „Камник“. Во изјава за медиумите оценија дека потенцијалот за соработка меѓу двете држави е голем, особено во делот на прехранбената индустрија. Тенденција, како што посочија, е да се зголеми размената.
Годинава, двете земји бележат раст во размената, но потенцијалите се многу поголеми од она што се остварува.
