Судот во Пеќ му изрече на Балиќ и забрана за вршење на лекарската професија во времетраење од две години.

На барање на обвинителот и на обвинетиот, судскиот процес се одржа без присуство на јавноста, а информацијата за денешната судска одлука ја објави невладината организација „Заклетва за правда”.

Според обвинението што на 29 септември минатата година го покрена основното обвинителство во Пеќ, Балиќ во болницата во тој град, на 12 август истата година, „во својство на одговорно здравствено лице, злоупотребувајќи ја здравствената состојба на жртвата, истата ја принудил на сексуални допирања без нејзина согласност”.

Жртвата, која престојувала во болницата како придружничка на своето болно новороденче, била напаствувана од Балиќ во неговата соба за прегледи, но успеала да побегне и првично побарала помош од обезбедувањето, а веднаш потоа случајот го пријавила и во полиција.

Косовските медиуми потсетуваат дека Балиќ, кој беше министер за здравство во првата повоена влада на Косово во 2002-2003 година, и пред настанот за кој беше казнет денеска, во јули 2019 година, бил обвинет за сексуално вознемирување на приправничка во истата болница во Пеќ, меѓутоа судот го ослободил поради недостиг на докази.