Во петокот таа во својот статус на социјалната мрежа напиша:

– По денешниот рочиште за случајот Меѓународен сојуз, за кој немаше ниту една буква известување во ниту еден медиум (многууу различно од претходно), станува повеќе од јасно, зошто се диригира медиумската незаинтересираност и молк.

Денешниот ден не е прв од низата рочишта кога со несоборливи докази и аргументи се побиваа сите правни небулози и глумење јавнообвинителско постапување. Така беше и на трите рочишта во декември на кои фалсификаторите од МВР ги соочив со нивниот фалсификат и докажавме дека немаат ни „В“ од „вештачење“.

– Ако оваа фатаморгана од судски процес за „Меѓународен сојуз“ беше за сторено кривично дело, тогаш на обвинителна клупа (без мене) ќе беа ЈО Наум Пановски, директорот Арафат Муареми, сведокот што не може да биде сведок Љиљана Тодоровска, носители на јавни функции, а на чело на обвинителната клупа ќе беше извршителот и прикривачот Вилма Русковска

Ова можете да го сфатите и како идно време, не само како основана хипотеза.

– За големо разочарување на ОЈО за ГОКК, Судот на минатото рочиште прифати да обезбеди три предмети водени во Судот КОК КС 441/17, во ОЈО за ГОКК РО бр.204/17 и во Финансиската полиција за водени истраги за основи на сомневање за сторено кривично дело „перење пари и други приноси од кривично дело“ во кои осомничена е Љиљана Тодоровска (жената која на своја сметка прими 720.000 евра од фирмата Пелистер на Сиљан Мицевски)!

Наспроти ова, бледо помина со една-две информации во медиумите дека, (замислете) јавно достапната изјава на премиерот Зоран Заев дека, зборувал на состанок со Бојан за реализација на проект за старски домови, нема да се слушне во судница, ама ќе може се чита заедничкото соопштение на Владата и Сојузот.

– Да раскажам кратко, за да биде поразбирливо…

Кога Пелистер и Сиљан Мицевски по претходни оценки и проценки на неговите правни тимови за исплатливоста на проектот за изградба на старски дом влегле во облигациони договарање со Меѓународниот сојуз на кој Договор се потпишани: Бојан Јовановски, Агапи Дика, Јованка Кухар, Љиљана Тодоровска, Јасна Ерцеговиќ и Сиљан Мицевски, авторот на проектот Љиљана Тодоровска доброволно и свесно се согласила на своја сметка за авторски хонорар да прими 720.00 евра.

Откако преку Авторска Агенција (за што сведочеше и директорката) била проверена законитоста на договорот и основот за исплата и пресметка на данок, и откако Агенцијата на државата и платила данок во висина од близу 80.000 евра од овој проект (за што УЈП потврдила дека е исправно со записник), Љиљана Тодоровска се усреќила за 720.000 евра.

По правилата за спречување перење пари, Комерцијална банка АД ја алармирала Управата за финансиско разузнавање, а Управата – Финансиската полиција, а тие пак, ОЈО за ГОКК дека, постои сомневање за перење пари.

ЈО Наум Пановски кој постапувал по предметот во ОЈО ГОКК дал предлог, а судија на претходна постапка на 18.12.2017 година донел Решение КОК ПП 441/17 со кое ја блокирал сметката на Љиљана Тодоровска, а обвинителот отворил предмет РО бр. 204/17 за сомневање за „перење пари и други приноси од кривично дело“ против осомничената Тодоровска.

Љиљана Тодоровска го примила решението на што преку адвокат на 22.12.2017 година поднела Жалба, која пак со Решение КОК КС 441/17 на Крвичниот совет на Основниот суд Скопје 1 била одбиена како неоснована. На сведочењето на Љиљана Тодоровска во овој предмет таа под заклетва лажно сведочеше дека “не примила решение и не се жалела на решението“.

Во списите на предметот што денес се изведоа на Суд, а кои произлегуваат од постапувањето на ЈО Наума Пановски во 2017/2018 година, покрај сослушаната осомничена Љиљана Тодоровска, биле сослушани и Сиљан Мицевски, Јасна Ерцеговиќ и Бојан Јовановски.

Покрај ставот кој и денес го застапува Сиљан Мицевски дека верувал и верува во таков проект, и дека не се чувствува измамен што го кажа и на Суд, Вилма Русковска во септември 2019 година и покрај тоа што не го сослушува како оштетен и не му дава статус на оштетен во истрага (многу битен процесен елемент), таа присилно му наметнува став кој и денес тој не го застапува дека, е измамен – тогаш рекетиран.

Во истрагата на ЈО Наум Пановски тој прибавил докази за основаноста и законитоста на исплатата, договорот и легалноста на парите од Пелистер Битола. Обезбедил проект, идеен проект за Битола, бизнис план, рамка за психолошка поддршка на стари лица, финансиски модел итн., итн., сето тоа спротиво на сегашната теза на неговата доскорашна шефица дека, станува збор за „наводен“ проект.

– Откако завршил со истражувањето ЈО Наум Пановски до Судот на 12.04.2018 година доставил предлог-барање со известување дека, „парите примени на сметката на Љиљана Тодоровска не потекнуваат од сторено кривично дело“, по што со Решение ПП 441/17 од 12.04.2018 година Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 „ја деблокира сметката на Љиљана Тодоровска“, по што таа се здобила со правото да си ги подигне парите од банка.

– УФР со Ивестување бр.14-25/7 (18) од 19.04.2018 година известува дека, Љиљана Тодоровска како единствен овластен потписник на нејзината банкарска сметка на 17.04.2018 година од банката побарала „парите да ги подигне во евра при што е извршена конверзија од денари во евра, по што барателот ги подигна паричните средства“ од Комерцијална банка АД.

– Во решението што ЈО Наум Пановски го донел по завршување на постапувањето по предметот РО 204/17 на стр. 13 навел дека, „во дејствијата на Љиљана Тодоровска нема елементи на кривично дело“ што во превод значи дека, основот за исплата на средства и облигациониот договор се законски, а средствата на фирмата Пелистер чисти.

– Кога во август како потреба да се фрли димна завеса на случајот „Рекет“ во кој се споменуваа седенки и снимања на политичари во домот на притворениот Орце Камчев, почна спотерот за ПР обвинението за Меѓународен сојуз, во таа синхронизирана платена пропаганда и медиумска координација за еднобразно известување како „заговор против вистината“ што полека но, сигурно губи на силина, на инсистирање на телевизија Телма да добие изјава од Љиљана Тодоровска, (снимката мистериозно исчезна од веб страната на Телма https://telma.com.mk/obvini-za-grabezh-na-720-000-evra…/) таа изјавува – „Планирам да пријавам дека сум ограбена“

По слушнатото денес во судница, што се коси со здраворазумско и законито постапување на една сериозна институција, ставив забелешка за прашања кои не ме тангираат лично во оваа креирано обвинение, но сериозно одат во прилог на мојот почетен став кој ќе го докажам дека, ЈО Вилма Русковска и истражители во фазите на предистрага и истрага свесно и намерно направиле злоупотреби на своите права и обврски како и дека, грубо ги прекршиле моите права и начелото на поделба на власта со насилен упад во мојот дом, заради попречување во парламентарен надзор”.

ℹ🚩 ОБВИНИТЕЛСКА БУЛУМЕНТА‼

Ако ова што го чув и видов денес е право, тогаш убедена сум дека, Вилма Русковска ќе заврши…

Posted by Frosina Remenski on Friday, May 28, 2021