Дваесет и едногодишен жител на Чашка бил приведен ноќеска во Велес, откако било пријавено дека без согласност ја внел својата поранешна малолетна девојка во автомобил.

Од СВР Велес информираат дека полициски службеници го лишиле од слобода Б.О. (21) од Чашка во 1 часот по полноќ.

Според пријавеното од очевидци, Б.О. без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во автомобил „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки.

По кратко време, полицајците го запреле возилото, по што 21-годишникот бил приведен и задржан во полициска станица.

За случајот бил известен јавен обвинител. Од МВР соопштија дека по целосното документирање на настанот против Б.О. ќе биде поднесена соодветна пријава.