Во писмото, во кое Гардијан имаше увид, се наведува дека лидерите на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Канада мора да ја направат оваа година „пресвртница во глобалната соработка”.
Меѓу потписниците на писмото се поранешните британски премиери Гордон Браун и Тони Блер, поранешниот генерален секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун и 15 поранешни африкански лидери.
Потписниците на писмото наведуваат дека анкетите покажуваат дека јавноста го поддржува нивното барање. Истражување, нарачано од добротворната организација Спасете ги децата, покажа дека 79 проценти од луѓето во Велика Британија сметаат дека Г-7 треба да плати за вакцинација против коронавирусот за најсиромашните за да го зачува светот безбеден. Писмото е испратено пред Самитот на Г-7 што ќе почне в петок.