Генерал Шарифи тврди дека Гани избегал од земјата со вреќи во кои имало милиони долари.
Шарифи, исто така, тврди дека има снимки од безбедносните камери, коишто сака да ги објави, но постои еден проблем. Имено, поранешниот телохранител во моментов е најбараното лице во Авганистан, градовите се излепени со слики со неговиот лик, а талибанците дури нудат и награда за секоја информација за него.
Шарифи се крие во скривница и се уште се надева дека некој ќе го спаси, па во тој случај ќе ја покаже контроверзната снимка.
Имам снимка која покажува дека едно лице од Авганистанската банка му носи многу пари на Гани пред да замине. Ако некогаш излезам од оваа дупка, ќе прикажам снимки кои ќе го шокираат светот – вели Шарифи во интервју за „Дејли мејл“ од тајна локација во Авганистан.
Гани и неговото семејство побегнаа од претседателската палата и заминаа во Обединетите Арапски Емирати на 15 август, кога талибанските бунтовници влегоа во Кабул.
Шарифи тврди дека во вреќите имало „стотици милиони, можеби и милијарди долари“.
Гани на крајот знаеше што ќе се случи, па ги зеде сите пари и избега – вели Шарифи.
Поранешниот телохранител признава дека има пиштол и еден куршум.
Ако талибанците дојдат тука и ме пронајдат, ќе се убијам – заклучува Шарифи.