Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија претрпе пораз од Литванија со резултат 28-34, на полувреме 15-18, во рамките на квалификацискиот турнир за пласман на Европското првенство во 2027 година, кој се одржува во Скопје.
Литванките целосно ја оправдаа фаворитската улога на теренот и стигнаа до својата втора победа во групата Б.
На вториот денешен натпревар од скопската квалификациска група, селекцијата на Грција беше подобра од Косово и славеше со резултат 27-23. По две одиграни кола, Литванија е осамена на лидерската позиција со четири бода, Македонија и Грција имаат освоено по два бода, додека репрезентацијата на Косово е последна без освоени бодови.
За македонските кадетки сега следува директниот и решавачки дуел против Грција, кој е закажан за утре со почеток од 18:30 часот во салата „Расадник“.
