Портпаролот на Пентагон Џон Кирби ќе се пресели во Белата куќа и ќе стане дел од главниот комуникациски тим на американскиот претседател Џозеф Бајден, објавија медиумите во САД.

Дел од главниот тим за комуникација со медиумите се и портпаролката на Белата куќа Џен Псаки и Кејт Бедингфилд.

Пентагон одби да ги коментира наводите на американските медиуми.

Кирби, кој беше главен член на прес-службата на брифинзите на Пентагон, претходно беше прес-секретар на поранешниот министер за одбрана Чак Хејгел.