Од утре, 5 март, до петок, 7 март, во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Режимот се воведува поради официјалната посета на претседателот на Собранието на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ.

Според соопштението на СВР Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе спроведе мерки за контрола на движењето на возилата низ поширокото централно подрачје на главниот град.

Граѓаните се повикуваат да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Целта да се обезбеди непречено одвивање на посетата и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Полицијата апелира на разбирање и соработка од страна на возачите и жителите на Скопје во наредните три дена.

Извор: Курир