Од она што можевме да го видиме изминатата година е дека ефикасноста на вакцините против ковид-19 опаѓа со текот на времето, односно не се создава траен имунитет.
Токму поради тоа се препорача и примање на трета бустер доза, по три месеци после вакцините Синофарм и Синовак, односно шест месеци по сите останати кои беа достапни во Македонија. Одобрени за бустер се вакцините Фајзер и Модерна, а нашето здравство засега располага само со Фајзер.
Сепак, важно е да се знае дека иако го засилува веќе постоечкиот имунитет, сепак и третата доза нема трајна покриеност, односно почнува постепено да опаѓа по четвртиот месец од примањето. Ова се резултати од испитувањата и анализите на CDC.
Во Македонија препораката за трета доза се однесува на целото население, а засека нема индиции за потреба од воведување на четврта доза за возрасните лица и пациентите со хронични заболувања кои имаат проблеми со имунитетот.