За мене претставува навистина една огромна чест и сум многу благодарен затоа што така големи имиња кои што седат во бордот на пријатели кои ќе ги споменам неколку, а тоа се премиерот на Белгија, тоа е поранешниот генерален секретар на НАТО – Хавиер Солана, тоа е претседателката на ЕП, или Барние кој што е главен преговарач за Брегзит итн. Да ме одберат во една навистина престижна селекција на 40 највлијателни личности по 40 години во Европа навистина мислам дека доволно кажува се и не би сакал многу да зборувам за себе. Добро е кога другите зборуваат“, истакна Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во вестите на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека што го избрале за еден од 40 највлијателни личности во Европа под 40 години е и потврда за ВМРО-ДПМНЕ дека е на вистинската патека, но и за Македонија.

Она што особено ме прави горд е делот во кој што мислењето на пријатели на Европа за мене, кои што самите го пишуваат, значи не можете вие да напишете мислење за вас, туку тоа го пишуваат тие што го правата изборот е дека се работи за човек кој што се бори против корупцијата. Јас од опозиција можам да го правам само тоа што го правам, а тоа е да бидам гласен и да изнесувам афери во јавноста. Тоа го правам континуирано изминатите четири години. Сум се соочувал со многу закани и притисоци да не го правам тоа, но ќе продолжам да го правам тоа. А, после промената на власта која што ќе се случи оваа година после предвремените парламентарни избори и активно со сите мерки ќе се бориме, односно сите оние кои што направиле криминал и корупција ќе одговараат, нагласи Николоски.

Николоски посочи дека колку повисоко е нивото на реформи и посилна е битката со организираниот криминал и корупција како и воспоставувањето на функционален систем на владеењето на правото толку ќе се подобрат шансите на Македонија.

Колку е покорумпирана Македонија и нема реформи, нема функционален систем на владеење на правото, толку цените ќе се поголеми. Затоа што да не се лажеме Македонија нема проблем со најсилната држава членка во ЕУ, немаме проблем на пример со Данска или со Франција. Ние имаме проблем со најслабата земја членка на ЕУ која што очигледно не трпи доволен силен притисок за да го тргне ветото од причина што многу земји членки гледаат дека нивото на корупција во Македонија и нивото на реформи не се доволни за да почнат преговори, укажа Николоски.